Македонскиот првак Струга Трим Лум во Вилнус (18 часот) ќе се соочи со Жалгирис во првиот меч од воведното квалификациско коло во Лигата на Шампионите на УЕФА.
Македонскиот првак вчера одржа тренинг на стадионот „ЛФФ“. Жалгирис е фаворит со искуство на вакви натпревари, а и теренот со вештачка трева им дава предност на домашните фудбалери.
Но клубот кој постои нецела деценија има сериозни амбиции за влез во елитниот клупски фудбал.