Струга Трим Лум е се поблиску до пласман во плеј-офот за влез во групите од Конференциската лига, по синоќешната победата од 3:1 на домашен терен во Скопје против Есперанж.
36 годишниот Бесарт Ибраими ги постигна сите три гола заактуелниот македонски првак.
Реваншот ќе се игра на 17 август во Луксембург, а победникот во овој двомеч во плеј-офот ќе игра со поразениот од дуелите меѓу Зрињски (Босна и Херцеговина) и Бреидаблик (Исланд) во третото квалификациско коло.