Skip to main content

Џудо клуб Дрим Струга

Струшкиот џудо клуб „Дрим” со 14 медали и пехар на Меѓународниот „Скопје Опен 2023″

Пехар за најуспешната екипа на помладите пионери од Џудо клуб Дрим во женска конкуренција.
 |  инфодеск  | 
Џудо клуб Дрим

14 медали и пехар за најуспешната екипа на помладите пионери во женска конкуренција за џудо клубот „Дрим” од Струга, на меѓународниот натпревар „Скопје Опен 2023″, кој се одржа изминатиот викенд во Скопје.

Со медали од помладите пионери и пионерки се закитија Мишела Јаулевска и Давид Спироски со златни медали, Катерина Клењоска, Мила Стојмиловска, Драган Антониески и Елеонора Јосифоска со сребрени медали, додека пак Божидар Јуловски, Мартина Салви и Христијан Вранишкоски со бронзени медали. Стефанија Блажеска и Трајче Нелкоски останаа без пласман.

Во категоријата пионери и пионерки Драгица Рафтоска и Матеј Балоски освоија сребрени медали, а пак Амар Бајрамоски освои бронзен медал, Константин Циркоски остана без пласман.

Во категоријата на кадети и кадетки, Анамарија Стојмиловска и Анастасија Tрајческа освоија бронзени медали.