Судбината на Шумахер, сеуште неизвесна
Без официјални вести од лекарите во клиниката во Гренобл, се зголемуваат стравувањата за состојбата на Михаел Шумахер, кој и четири недели по неговата скијачка незгода останува во кома.
Без официјални вести од лекарите во клиниката во Гренобл, се зголемуваат стравувањата за состојбата на Михаел Шумахер, кој и четири недели по неговата скијачка незгода останува во кома.
Жан-Марк Оргогозо, професорот по неврологија на Универзитетот во Бордо, за британскиот Дејли Мирор даде „црна проценка“.
„Секој ден, секоја недела во кома ги намалува шансите ситуацијата да се подобри“, вели Оргогозо.
Австриската новинска агенција Формат во вторникот објави дека се зголемуваат шансите Германецот да остане во постојана вегетативна состојба кога ќе излезе од комата. Дејли Мирор се консултираше со уште еден неврохирург, Колин Шиф, кој вели дека е прерано да се дава оценка, но дека лекарите во Франција се во право што го предупредуваат семејството на Шумахер за постојаната вегетативна состојба, позната како Апалик синдром.
Вегетативна состојба е нарушување на свеста во кое пациентот со оштетување на мозокот е во состојба на делумна свесност – телото не е мртво, а мозокот има ограничена функционалност, но не постои свесност или реакција на дразби. Сепак, оваа состојба не може да се дијагностицира најмалку четири недели по онесвестувањето, а може да се смета за постојана по 12 месеци.
Во моментов Шуми е во кома, што значи дека не е свесен, ниту несвесен, но стравувањата се дека кога лекарите конечно ќе решат да го разбудат, квалитетот на неговиот живот нема да се подобри – тој во основа ќе остане мртов во мозокот. Меѓутоа, многу пациенти заздравуваат и од таква состојба. Во вторникот сопругата на Шуми им се заблагодари на фановите за поддршката.
„Сите знаеме, Михаел е фајтер и нема да се предаде. Многу ни значи тоа што нема намалување на пораките со добри желби за Михаел од целиот свет. Тоа ни дава сила и затоа ви благодариме“, изјави Корина Шумахер.
{loadposition content9}