Skip to main content

СУП Трките повторно дел од Фестивалот на водени спортови Охрид

Веќе се пријавени над 70 учесници од 5 земји, а остануваат уште 2 дена за пријавување.
 |  инфодеск  | 

На 28 август, на Старо Пристаниште во Охрид ќе се одржи четвртото издание на СУП Трките за деца, млади и возрасни. Веќе се пријавени над 70 учесници од 5 земји, а остануваат уште 2 дена за пријавување.


Во рамките на програмата се предвидени 9 трки во машка и женска категорија, меѓу кои детски и младински спринтови, тимска штафета, како и градската трка на 2.500 метри за возрасни, за која е обезбеден награден фонд од 12.000 денари за првите места од Crown Boat. 


Настанот е дел од Фестивалот на водени спортови Охрид и е од рекреативен и забавен карактер, со цел промоција на спортот и значењето на езерото, организиран од СУП Клуб Охрид. 
Сите учесници ќе добијат стартен пакет и право на учество во наградната лотарија обезбедена од Спорт Актив и СУП Клуб Охрид.