Светски раритет во светот на фудбалот
Земја каде втората лига ќе биде посилна од првата
Шкотската престолнина Единбург во иста сезона остана без двата клуба во највисокиот ранг на натпреварување. Откако, многу порано испадна Хартс, вчера истото му се случи и на Хиберниан, кој во возвратниот натпревар пред своите навивачи доживеа катастрофа и покрај тоа што имаше предност од 2-0 од првиот натпревар.
Двата ривали сега се во понизок ранг. Хартс прв пат по 23 години, а Хиберниан по 15 години. Нивното ривалство е едно од најстарите во фудбалскиот свет, бидејќи за прв пат се сретнале на Божик 1875 година, а досега одиграле 615 дерби натпревари. Следната година ќе се среќаваат во втората лига, но останува фактот дека се работи за најголеми клубови, секако по Ренџерс и Селтик.
Со фактот дека од оваа година и Глазгов Ренџерс се промовира од трета во втора лига, се доаѓа навистина до раритетна ситуација каде втората лига има вкупно 62 наслови првак на Шкотска а сите останати 56 од кои 45 има Селтик, а може да му се додаде уште една бидејќи ќе нема вистинска конкуренција во првата лига на Шкотска.
Сите три големи тимови, Ренџерс, Хартс и Хиберниан, имаат огромна поддршка од навивачите, кои на крајот можат да ги спасат своите тимови од финансиските проблеми. Доказ за ова е фанатичното следење од 40 илјади навивачи на сите натпревари против разни провинцијалски тимови од четвртата и третата лига во последните две сезони. Фановите на Хартс со евентуално превемање би го спасиле клубот, додека Хибернианс ќе се обиде да го спасува клубот со бркање на неспособната управа.
{loadposition content9}


