Skip to main content

Шаховска федерација на македонија

Светско екипно првенство во шах за сениори во септември во Струга

Од 19 до 29 септември, во Хотел Изгрев, Струга ќе се одржи Светското екипно првенство во шах за сениори. Се очекува да учествуваат повеќе од 400 шахисти од целиот свет.
 |  инфодеск  | 
Шах

На последниот состанок на управниот одбор на Светската Шаховска Организација (FIDE), кој се одржа на 4 април во Мексико, на Шаховската Федерација на С. Македонија (ШФМ) и беше доделена организацијата на Светското Екипно Првенство за Сениори. По пауза од 50 години и одржувањето на Шаховската Олимпијада во далечната 1972, ова е прв настан од светски рамки кој ќе се организира во нашата држава.

Во последните неколку години ШФМ успешно организираше неколку големи меѓународни европски натпреварувања, и особено не радува што овој пат и FIDE, ги препозна нашите квалитети и ни ја додели организацијата на ова значајно меѓународно натпреварување. Понудата за организација на ШФМ беше избрана како најдобра во конкуренција на четири други понуди и тоа од Италија, Малта и Тајланд – велат од Шаховската Федерација на Македонија.

Екипното светско првенство за сениори ќе се организира во две старосни категории, едната за играчи над 50 години и втората категорија за играчи над 65 години. Истото ќе се одржи во период од 19 до 29 септември, во Хотел Изгрев, Струга, а се очекува да учествуваат повеќе од 400 шахисти од целиот свет.

ШФМ ќе ги стави на располагање сите свои ресурси ова натпреварување да биде организирано во најдобар ред, што ќе ни овозможи и во иднина да се кандидираме за организација на големи меѓународни натпревари. Секако очекуваме поддршка од Агенцијата за Млади и Спорт, со која имаме одлична соработка која и до сега не поддржуваше во сите наши активности и проекти, како и од сите други заинтересирани љубители на шахот – додаваат оттаму.