Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец најтрофеен на “ ОХРИД ОПЕН 2023”
Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец најтрофеен на меѓународниот Таеквон-до ИТФ турнир “ ОХРИД ОПЕН 2023” на кој зедоа учество околу 200 натпреварувачи од 24 клуба од Чешка, Хрватска, Бих, Србија, Бугарија, Албанија и Македонија.
Преку Меѓународниот ИТФ турнир „Охрид опен“, уште еднаш покажавме дека Охрид и Македонија, знаат да бидат совршени домаќини на спортски случувања, кои оставаат траен белег во спортскиот живот на нашиот град и се позитивен пример за афирмација и промоција на различни спортски дисциплини.
„Организацијата беше на највисоко ниво, направивме натпревар што ретко некој во Македонија може да се пофали дека направил таква организација, со што се гордееме читајќи ги коментарите од гостите на турнирот и од коментарите на сите очевидци. Овој натпревар го организиравме по сите највисоки светски ИТФ стандарди, со електронски судиски ситем, со можност за видео протест“, вели претседателот на Македонската традиционална таеквондо федерација Марјанчо Лазаревски.
За најтрофеен клуб на турнирот беше прогласен Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид освојувајќи 3 пехари за најдобри поединци, 9 златни, 12 сребрени и 21 бронзени медали, додека како најдобари клубови на натпреварот беа прогласени, Тим Србија, Хваранг Фист од Охрид и Српски Соко од Зворник од БиХ. На турнирот учествуваа преку 200 натпреварувачи од 6 европски земји, со што оваа меѓународна спортска манифестација се вбројува во низата на најатрактивни таеквондо настани во регионот.
Организацијата на турнирот не би била можна без генералниот спонзор „ПН Метал“ , Општина Охрид која несебично помогна во организирањето на овој турнир, како и до Агенцијата за млади спорт, која со признавањето на нашиот спорт, почна да ги вреднува нашите успеси и да ни помага, додава Лазаревски.