Тенисерките подготвени за пет сета
Претседателката на женската тениска асоцијација (ВТА),Трејси Аластер порача дека и дамите се подготвени да играат по пет сета како нивните машки колеги.
Претседателката на женската тениска асоцијација (ВТА),Трејси Аластер порача дека и дамите се подготвени да играат по пет сета како нивните машки колеги.
Сепак, Аластер истакна дека за ва одлука ќе мораат да донесат организаторите на Грен Слем турнирите.
“Жените се подготвени и имаат желба да играат пет сета, но тоа ќе мораат од нив да го побараат организаторите на Грен Слем турнирите” – изјави Аластер.
Таа потенцираше дека сепак потребно ќе биде многу повеќе време да се завршат женските мечеви во случај да се продолжат до три добиени сета.
“Што се однесува до нас сметаме дека за жените е добар сегашниот формат на Грен Слем турнирите, кои подразибраат играње до најмногу три сета” -заврши Аластер.
Дебатата за евентуалното зголемување на женските мечеви почна минатата година кога французинот Жил Симон изјави дека мажите заслужуваат поголеми награди бидејќи поминуваат подолго време на теренот. Неодамна ова мислење го сподели и Енди Мареј, додека пак Агњешка Радванска не се согласува со своите колеги.
{loadposition content9}