Skip to main content

Тешки обвинувања: Федерер и неговиот менаџер ги местеле мечевите

Веста која одекна во светот на спортот на прв поглед звучи неверојатно.

 |  Маја Савиќ  | 
Federer
Федерер
Швајцарскиот тенисер Роже Федерер, освојувач на 16 Гренд Слем турнири, пред неколку дена се најде под сомнение во врска со обложување и местење на мечеви. Неговата прва реакција била „тоа се измислици и 100% лага“-пишува TMZ Спорт.

Ted Forstman

Но, протекле информации дека Федерер е осомничен за местење на тениски натпревар во кој учествувал. Инспекторите за обложувачки афери за сега имаат доказ дека Федерер давал информации за најмалку една средба во која играл. Според нив, Федерер бил во договор со сопственикот на менаџерската агенција IMG Тед Форстман кому му дојавил дека ќе изгуби во финалето од Надал во 2007-ма на Гранд Слемот на French Open. Форстман на тој меч заработил 40 000 американски долари.
За потсетување, во финалето на Гранд Слемот на French Open 2007-ма, Федерер загуби од Надал со 3–6, 6–4, 3–6, 4–6, но тоа не беше големо изненадување ако се земе предвид дека Надал познат како „крал на земјените површини“ беше победник на Roland Garros и две години пред тоа (2005, 2006).
Во целата приказна сомнително е единствено тоа што и Федерер и Надал се клиенти на истата менаџерска егенција IMG.
Federer i Nadal
{loadposition content9}