На Општинскиот натпревар во ракомет кој се одржа на 14.11.2022 година тимот на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид под водство на професорите по спорт и спортски активности Ѓорѓи Скепароски и Валентино Костадиноски, го освои првото место.
Првото место е освоено во конкуренција на тимовите од останатите средните училишта од Општина Охрид.
Им честитаме за успехот на учениците и нивните тренери и им посакуваме успеси и во понатамошните натпревари – велат од ОЕМУЦ.