Општински натпревар
Тимот на ОЕМУЦ освои прво место во ракомет
Првото место, тимот на ОЕМУЦ го освои во конкуренција на тимовите од останатите средните училишта од Општина Охрид.
На Општинскиот натпревар во ракомет кој се одржа на 14.11.2022 година тимот на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид под водство на професорите по спорт и спортски активности Ѓорѓи Скепароски и Валентино Костадиноски, го освои првото место.
Првото место е освоено во конкуренција на тимовите од останатите средните училишта од Општина Охрид.
Им честитаме за успехот на учениците и нивните тренери и им посакуваме успеси и во понатамошните натпревари – велат од ОЕМУЦ.


