Титулата и прво место на ВТА листата за Серена
Американката Серена Вилијамс го освои Аустралиан Опен откако во финалето ја совлада русинката Динара Сафина лесно со 2:0 (6:0, 6:3).
Сафина Вилијамс
Финалето траеше само 59 минути. Покрај борбата за титулата, финалето беше борба и за првото место на ВТА листата, па американката од понеделник ќе ја замени Јелена Јанковиќ на тоа место. За 27- годишната серена ова беше јубилејна 10 титула на грен слем, а четврта во Мелбурн.
Интересно е дека Венус ова првенство го има освоено во непарни години (2003, 2005 i 2007). За победата во финалето, Серена е наградена со 2 милиони австралиски долари додека за Сафина останаа скромни 1 милион. За овој турнир ова за неа беше и втора титула после титулата во двојки со нејзината сестра.
{loadposition content9}