Јувентус во недела навечер ја совлада Рома со 3-2 на својата арена, и тоа беше дерби на најголемите конкуренти за титулата и до вчера единствените два тима со максимален учинок. По обичај и ова дерби не помина без контроверзи, а по натпреварот се побуни легендарниот капитен на Рома, Франческо Тоти.
“Пристигнавме во Торино, но сите видовте што се случи. Со години се случуваат исти работи. Не знам дали вечерва нѐ победија судииите, но сигурно не Јувентус”, во лутина и бес изјавил 38-годишната легенда на италијанскиот фудбал.
Судијата Роки досуди во првите 45 минути три пенали, два за Јувентус и еден за Рома, и тоа токму над Тоти. Вториот пенал за Јувентус го свиреше во втората минута од продолжението кое требаше да трае една минута. Во Рома се жалат и тврдат дека вторипот пенал, кој го направи Пјаниќ над Погба, не беше во 16 метри, а ниту првиот кога Мајкон играше со рака.
“Да, секако дека сме лути. Но, ние сме голема екипа која мора да ја крене главата горе и тоа веднаш. Многу нѝ значеше овој натпревар, но очигледно е дека Јувентус си има своја приватна лига. Што и да се случува, тие секогаш победуваат”, рекол Тоти за Sky Italia.
“Ги имаме истите сомнежи? Не сум единствен кој ова го рекол. Кај Јувентус за пеналите никогаш нема сомнежи, секогаш е пенал. Морам да прекинам инаку ќе ме казнат”, завршил Тоти.
Во една работа е Тоти во право, судијата обете спорни ситуации ги пресуди како пенали во корист на Јувентус, но никој не може со сигурност да каже дека двата пенали биле вон казнениот простор, бидејќи, да потсетиме дека и линијата на 16 метри значи дека тоа е внатре, особено кај вториот пенал кога Погба беше во воздух точно над линијата од казнениот простор.
Пеналите не беа скандалозни, но во Италија на Јувентус секогаш ќе му се свират во негова корист.
Инаку, по првиот досуден пенал за Јувентус е исклучен тренерот на гостите, Руди Гарсија, поради неугледно однесување. Тој гест на свирење виолина кој го направи Гарсија означува “матни работи” и Роки го испрати на трибините.
{loadposition content9}