Претседателот на Парма, Томазо Џиарди, се повлекол од функцијата и го ставил клубот на продажба откако на Парма и е ускратена лиценцата за настап во Европа.
Џиарди, Парма ја превзеде во 2007 година и ја спаси од финансиски крах и ја врати на високи позиции во италијанскиот фудбал. Во штотуку завршената сезона Парма на терен избори пласман во Лига Европа, меѓутоа лиценцата и е ускратена поради даночен долг од 300 илјади евра.
“Луѓето во фудбалот треба да се срамат, ни го зедоа заслужениот пласман во Европа. Само будали можат да помислат дека сум се обидел да заштедам 300 илјади евра што е 0,6% од она што го поседувам. На нас тренираат строгост, а ПСЖ и Манчестер Сити со 60 милиони казна играат во Лигата на шампиони”, бесен изјавил Џиарди.
Парма ќе се жали до Спортскиот арбитражен суд во Лозана, каде ќе се обиде да дојде до лиценца. Доколку не успее во тоа, наместо нив во Лига Европа ќе игра Торино.
{loadposition content9}