Skip to main content

Трет меѓународен турнир во кошарка „ КК Колибри “- Охрид

Турнирот се одржува со поддршка на Општина Охрид.
 |  инфодеск  | 

Во спортската сала „Билјанини Извори” од 18 до 21 јуни ќе се одржи третиот по ред меѓународен турнир во кошарка „ КК Колибри “- Охрид 2025 година во категорија : девојчиња и момчиња, генерации М9, М12 и М14. Натпреварите ќе се одигруваат од 9 до 12 часот претпладне и од 16 до 22 часот попладне.

– На турнирот ќе настапат екипите на МБА Академија – Крагуевац, Р. Србија, Елит Баскет – Тирана Р. Албанија, КК Волвс – Корча, Р. Албанија, КК Гостивар – Гостивар, КК Куманово – Куманово, КК Црн Дрим – Струга, ЖКК Струга 2009 – Струга, ЖКК Кичево – Кичево и екипи од нашата школа, велат од КК Колибри.

Турнирот, каде учество ќе земат 200 деца, се организира по трет пат со поддршка на Општина Охрид. Свеченото отварање на Турнирот ќе биде во 19.00 ч. на 18.06 (вторник), додаваат организаторите.