Skip to main content

Успешнa 3-та меѓународна веслачка регата во Охрид

Настанот, во организација на Веслачкиот клуб Горица Ремо од Охрид, собра на едно место клубови од Македонија, Србија и Бугарија.
 |  инфодеск  | 

Во рамките на Ohrid Water Festival, успешно се одржа третата по ред меѓународна веслачка регата. Настанот, во организација на Веслачкиот клуб Горица Ремо од Охрид, собра на едно место клубови од Македонија, Србија и Бугарија (ВК Црн Дрим и ВК Врбник од Струга, ВК Галеб од Земун и ВК Зренекс од Зрењанин- Србија и ВК Черпоков и ВК Хеброс, Пловдив- Бугарија)

Регатата започна со посебна, емотивна нота. Настанот беше отворен со меморијалната трка скиф за јуниорки во чест на Јулијана Николиќ, талентираната веслачка чие сеќавање живее низ спортот, победник во таа трка беше веслачката Ана Прентоска од ВК Црн Дрим, Струга.

Веслачите од Горица Ремо “извеслаа” до 15 одличја и се претставија во најдобро светло, покажувајќи ја својата подготвеност и посветеност. Посебно се истакна Ана Ничевска, која освои сребрен медал во трката скиф за пионерки. Нејзиниот успех е доказ за упорност, истрајност и дисциплина на тренинзите.

Организаторите од Веслачкиот клуб Горица Ремо велат дека се горди на успехот на сите веслачи, кој ја потврдуваат сериозноста и квалитетот на клубот во регионални рамки. Со вакви настани, Охрид уште повеќе се етаблира како регионален центар за спортови на вода, а младите таленти како Ана се иднината на македонското веслање.