Изминатиов викенд на стрелиштето Камник во Скопје се одржа 4-тиот по ред Стрелец Калес Куп во гаѓање со кусо и долго огнено оружје на 25, 100, 200 и 300м. Во дисциплината пиштол на 25 м. прво место и златен медал за Велибор Балоски кој имаше исти број на кругови (93) со второ и третопласираниот, но имаше и најмногу центри. Во поединечна конкуренција жени пиштол членките на СК ,,Охрид” се пласираа од од 8-мата до 16-тата позиција Во екипна конкуренција жени пиштол на 25 м. трето место за екипата на СК ,,Охрид” во состав: Мартина Петровска, Милица Кочовска и Валентина Гоџоска, кои не успеаа да ги совладаат екипите на специјалната единица Тигар и екипата на армијата ВП 2803.
Викендот (30ти септември-1ви октомври) се одржа меѓународниот Турнир- Гранд При Лихнидос во гаѓање со кусо огнено оружје, како и малокалибарска пушка со оптички нишан на 50 и 100 м. Турнирот беше во организација на ЖСК ,,Лихнидос” , а под покровителство на Општина Охрид и Македонската спортска стрелачка федерација. И на овај Турнир, кој за првпат се организира во нашиот град, умешноста на охридските стрелци доведе до освојување на многу медали и пехари. Во дисциплината пиштол голем калибар на 25 м. во категорија на мажи Велибор Балоски од ЖСК ,,Лихнидос” се пласира на вицешапионската позиција со резултат од извонредни 90 кругови. Сашо Ристески од СК ,,Охрид” со резултат од 82 круга се пласира на седмата позиција, додека Зоран Недески и Игор Мицкоски од истиот клуб се пласираа на 10-тата односно 11-тата позиција. Младиот Кристијан Балоски пак заврши на 12-тата позиција, додека Томислав Китаноски на 13-тата позиција. Во истата дисциплина кај жените, иако со слаб резултат од 74 кругови, најуспешна беше Гоџоска Валентина кој сепак беше доволен да се закити со златен медал. Во екипен пласман повторно втора позиција за екипата во мешан состав на ЖСК ,,Лихнидос” додека третата им припадна на екипата на СК ,,Охрид”. Во конкуренција на пушка мажи на 50 м оптички нишан повторно вицешампионска позиција за Велибор Балоски со извонреден резултат од 195 кругови, еднаков со резултатот на првопласираниот, но Балоски имаше 15 центри, односно еден помалку од првопласираниот Драгослав Кудрановиќ од СК ,,Стрелец”. Младиот Кристијан Балоски кој за првпат учествува на ваков Турнир се пласира на 8-мата позиција со резултат од 187 кругови. Кај жените на пушка 50м, повторно првопласирана беше Валентина Гоџоска со резултат од 192 кругови, додека пак младата Милица Кочовска се пласира на 4-тата позиција со резултат од 176 кругови. Најмладиот натпреварувач воопшто на натпреварот Теодора Мицкоска се пласира на 5-тата позиција, на која организторот и додели и скромна награда за најмлад учесник. Кај мажите на 100 м пушка Кристијан и Велибор Балоски се пласираа на 8-та и 9-тата позиција, каде воглавно доминираа стрелците на СК ,,Стрелец” од Скопје. И кај жените на 100 м. пушка, Гоџоска повторно се закити со медал, но овојпат мораше да се задоволи само со бронзен. Во екипен пласман пушка 50 м. прво место за екипата во мешан состав на ЖСК ,,Лихнидос” со резултат од 574 кругови, додека за истата екипа со резултат од 339 кругови на 100 м пушка пласман на третата позиција. На најдобрите учесници клубот со помош на спонзорите им додели вредни награди. За најдобриот резултат на пушка на 50 и 100 м. организаторот додели 2 малокалибарни пушки, потоа ваучер и два двогледи, односно телескопи со два идентични објективи, како и вредна награда од наш познат охридски производител. Со ова организаторот им се заблагодарува на сите спонзори кои на било каков начин помогнаа да се организира овај натпревар. На сите организаторот ќе им додели Благодарници за особен придонес за развојот на спортското стрелаштво во Охрид.
На 23.09.2023 на стрелиштето Бејбунар во Охрид се одржа третиот по ред Куп во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма, на кој учество зедоа рекорден број на учесници од сите клубови во Македонија. Во категорија јуниори на воздушна пушка, нашиот најдобар стрелец, Бојан Спасеновски од ЖСК Лихнидос, со резултат од 608,2 круга, се пласира на вицешампионската позиција. Кристијан Балоски од СК„Охрид”, во истата категорија ја зазеде 5-тата позиција, односно заврши како седмопласиран во севкупен пласман мажи. Бора Каќел од ЖСК Лихнидос се пласира на осмата позиција, односно 10-тата во севкупен пласман мажи. Андреј Ванѓеловски од истиот клуб ја зазеде 10-тата позиција во конкуренција на јуниори, односно 12 –тата позиција во секупен пласман мажи. Кај јуниорките на пушка Ива Маленко од СК ,,Охрид” се пласира на петтата позиција, Ана Танеска од ЖСК Лихнидос се пласира на 10-тата позиција, додека Драгана Локоска, Теодора Спироска, Сара Цикуш, Верица Здравеска, Стефанија Стефаноска и Емилија Алексовска се пласираа од 10-тата до 20-тата позиција, односно 7-мата до 20-тата позиција во севкупен пласман жени. Во категорија пиштол сениори членот на ЖСК ,,Лихнидос” Даниел Михајловиќ, се пласира на вицешампионската позиција со резултат од 534 круга , односно на третата позиција во севкупен пласман мажи. Во истата категорија, неговиот клупски другар Светлан Седмаков се пласира на третата позиција со резултат од 518 круга, односно заврши како седмопласиран во севкупен пласман мажи. Кај јуниорите второпласиран беше Климент Мостро од ЖСК ,,Лихнидос” со резултат од 526 кругови , односно на 4-тата позиција во севкупен пласман мажи. Иван Милевски од СК„Охрид”, се пласира на 4-тата позиција во јуниорска категорија, односно 6-тата позиција во севкупен пласман мажи. Велибор Балоски од ЖСК ,,Лихнидос” се пласира на 4-тата позиција во сениори, односно на 9-тата во севкупен пласман мажи. На 5-тата позиција кај јуниорите се пласира, Крсте Петрески од СК „Охрид”, односно 13-тата позиција во севкупен пласман мажи. Во категорија пиштол – јуниорки, големо изненадување направи Стефани Савеска од ЖСК ,,Лихнидос” освојувајќи ја првата позиција со извонредно висок резултат од 536 кругови, со што беше и најуспешна во севкупниот пласман жени. Стефанија Вељаноска, од СК„Охрид”, се пласира на вицешампионската позиција и во категорија на јуниорки и во севкупен пласман жени. Наталија Савеска од ЖСК ,,Лихнидос” се пласира на петтата позиција со резултат од 516 кругови. Кај сениорките Валентина Гоџоска беше второпласирана, односно 8-мо пласирана во севкупен пласман жени. Теодора Сајкоска и Верица Божиноска завршија како 10-то, односно 11-то пласирани во севкупен пласман жени.
За претстојниов викенд е веќе закажан 4-тиот Куп , како и Турнирот Македонија Опен во Прилеп, а веќе од месец ноември стрелците на охридските клубови ги очекуваат настапи на меѓународен план.