Tри сребра за македонското таеквондо
Во Пореч, Хрватска од 25 март – 02 април 2022 се одржа Европско Таеквондо ИТФ првенство, каде учество зеде и нашата држава под водство на Марјанчо Лазаревски, претседател на Таеквондо ИТФ на Македонија. На ова Европско првенство учествувааа над 850 натпреварувачи од 24 земји.
Македонското таеквондо се закити со три сребра.
Боите на Македонија ги бранеа пет натпреварувачи кои го направија најголемиот успех во индивидуалните спортови во историјата на Македонскиот спорт, испишаа нова историја, поставувајќи нови критериуми, и ја претстави ја нашата земја во најубаво светло, да се развее нашето знаме на пиедесталот рамо до рамо со најсилните репрезентации. На ова Европско првенство знамето на Македонија се вееше три пати , што досега не е случено во ниту еден спорт да биде три пати развиорено знамето само од петмина натпреварувачи.
12 годишната Христијана Парулеска, сега веќе намјладото девојче коешто во Македонија има освоено медал од Европско првенство се натпреваруше во категорија кадети-девојчиња 12-13 години , спаринг(борби) -45 кг, на патот до пиедесталот прво беше победена доминантно претставничката на Шпанија, за во полуфиналетода биде подобра од претставничката од Италија, додека во финале загуби тесно од претсавничката на Украина, со што се закити со сребен медал.
Еден од нашите најтрофејни натпреварувачи Давид Крстески, кој беше првото дете од Македонија што има освоено медал од Европско првенство Римини, Италија 2019 година, на ова Европско првенство влезе во повозрасна категорија јуниори 14-15 години, спаринг (борби) -55 кг. Давид во стилот на најголемите мајстори имаше четири победи до финале, атрактивно победувајќи го првата борба претставникот на Англија, после него истотака маестрално беше совладан претставникот на Чешка, додека во третата борба беше совладан атрактивно претствникот на Грција. Во полуфинале повторно се најде со вторито претставник на Чешка кој истотака беше лесно совладан, но нашиот натпреварувач се здоби со повреда, која за жал во му одмогна во финалето против вториот претставник на Грција , кој победи со многу мала разлика, со што нашиот претставник се закити со сребрен медал. Давид Крстески постави нов рекорд во Македонија , второ Европско првенство и втор Европски медал.
Елена Јанеска беше третиот наш натпреварувач, кој се врати со сребрен медал, една од нашите најтрофејни натпреварувачи, која се натпреваруваше во категоријата јуниорки 14-15 години, спаринг (борби) -65 кг. Како и претходните натпреварувачи така и Елена почна да не радува со победи. Во првата борба ја порази на претставничката на БиХ, а само после 2 минути пауза продолжи втората борба против претставничката на Хрватска, која влезе свежа одморена, но за нашата Елена не беше тоа проблем, издржа даде се од себе и ја победи домаќинката. Во полуфиналето влезе со претставничката на Грција, која лесно беше совладана. Во финале Елена Јанеска се најде со втората претставничка од Грција, го даде својот максимум но за жал се закити само со сребрен медал. Елена Јанеска со својот успех се приклучи на рекордот на 3 освоени вицешамшионски места на едно Европско првенство за нашата држава.
„Ова се Историски рекорди, кои во иднина тешко дека ќе можеме некогаш да ги направиме дали ние или некој друг индивидуален спорт во Македонија, со ова се поставија нови критериуми за учество на врни натпреварувања а воедно докажаа дека иако малкубројни, може да се постигне успех со што Македонија беше рангирана на високо 16 место во Европа“ – истакна Марјанчо Лазаревски, претседател на Таеквондо ИТФ на Македонија.