Триумф на Лоренцо во Катар
Актуелниот шампион во кралската класа на Мото ГП шампионатот Хорхе Лоренцо триумфираше на отворањето на сезоната, односно на трката за Големата награда на Катар.
Актуелниот шампион во кралската класа на Мото ГП шампионатот Хорхе Лоренцо триумфираше на отворањето на сезоната, односно на трката за Големата награда на Катар.
Лоренцо до победата возена под рефлектори на стазата „Лосаил“, до својата 45-та победа во кариерата стигна со време од 42:29.802 минути, пред деветкратниот светски шампион Валентино Роси.На тандемот од Јамаха, на подиумот им се придружи Марк Маркез на Репсол Хонда кој го освои третото место во своето деби во најсилната класа.
Првата трка оваа сезона ја одбележа доминацијата на Лоренцо, од самиот почеток, па се до крајот. Зад него се водеше голема борба, а титулата јунак на првата трка сигурно ја заслужи Валентино Роси кој имаше шест секунди послабо време од победникот. Тој стартуваше од седмата позиција, но на крајот успеа да се избори за место на подиумот.
Втората трка сезонава ќе се вози на стазата Остин на 21.април за Големата награда на Америка.
{loadposition content9}