Триумф посветен на дедото
Без големи изненадувања помина вчерашниот ден во осмина финалето на тенискиот турнир во Монте Карло, каде славеа Ѓоковиќ, Надал и Мареј Типсаревиќ беше поразен, како и Алмагро.
Без големи изненадувања помина вчерашниот ден во осмина финалето на тенискиот турнир во Монте Карло, каде славеа Ѓоковиќ, Надал и Мареј Типсаревиќ беше поразен, како и Алмагро.
По веста за смртта на дедо му само еден саат пред двобојот со Долгополов, Ѓоковиќ со многу емоции и размислување влезе во игра и си обезбеди пласман за четврт финалето. После лошата игра во првиот сет каде изгуби со 6-2, светскиот број еден си дојде при себе и следните два саати ги доби преостанатите два сета.
„Денес пред мечот го изгуби дедо си и му беше многу тешко да игра, после победата се чувствува потполно исцрпен психички, физички и емоционално“- изјавија преставниците на турнирот на прес конференцијата на која Ѓоковиќ не се појави.
Во следната фаза Ѓоковиќ ќе се сретни со Хас кој го совлада Белучи. Никакви проблеми немаше ни Надал кој го надигра Кукушкин со 6-1, 6-1, а во следната фаза ќе се сретни со Вивринко кој го совлада Алмагро.
Мареј имаше потешкотии во првиот сет со Бенето каде по резултат од 6-5, домаќинот се повреди прво го истекна зглобот на нозете, а потоа при пад го повреди и лактот. Симон го совлада Типсаревиќ со 6-0, 4-6, 6-1, додека Цонга го совлада Вердачо со 7-6, 6-2.
{loadposition content9}