Skip to main content

Триумф на шпанците

Европскиот шампион Шпанија за неколку минути успеа да постигне три гола и да победи против Македонија со 3:2 на пријателскиот фудбалски натпревар што синоќа се одигра во Скопје.

 |  Крсте Голабовски  | 
fudbal
фудбал

Европскиот шампион Шпанија за неколку минути успеа да постигне три гола и да победи против Македонија со 3:2 на пријателскиот фудбалски натпревар што синоќа се одигра во Скопје.
reprezentacijaМакедонија поведе во првото полувреме со 2:0, со головите на најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев. Првиот гол Пандев го постигна во осмата, а вториот во 33-та минута.

Меѓутоа во второто полувреме Шпанците брзо се вратија за победа. Прво погоди Фернандо Торес во 51-та, во 54-та гол постигна Жерар Пике и во 56-та за победа погоди Алберт Риера.

Кон крајот на мечот Македонија преку Стојков и Тасевски можеше да го изедначи резултатот, но нашите фудбалери во завршницата не се снајдоа најдобро.

Натпреварот на Арената Филип Втори во Скопје, на кој се славеше 100 години ФФМ и фудбал во Македонија, како пуштање во употреба на северната трибина, го следеа над 20 илјади гледачи.

{loadposition content9}