Skip to main content

Ќе има ли трка во Бахреин?

Немирите во Бахреин продолжуваат, а поради нив медицинските екипи од GP2 серијата беа префрлени од патеката во Шакир, во локалните болници за да им помогнат на големиот број ранети луѓе кои се судрија со полицијата. 

 |  Маја Савиќ  | 
Bahrain GP
Бахреин ГП

Протестите започнаа во главниот град Манама, откако илјадници протестанти ги блокираа улиците за да ги добијат своите политички права. Во Бахреин владее семејство на Сунитските муслимани, кои се обидуваат да воспостават ред врз мнозинското, Шиитско население.

Предсезонските тестирања на Ф1 во Бахреин треба да започнат на 3 Март, а отварањето на сезоната треба да се случи на 13 Март. Но, поради моменталните случувања во Бахреин, и двата настани сега се под опасност да бидат одложени.
Bahrein GP
Организаторите на GP2 серијата, изјавија во соопштение: „Поради локалните настани кои се случуваат во Бахреин, медицинската екипа која беше стационирана на патеката сега е привремено ангажирана во локалните болници. Поради безбедносни причини, организаторите на GP2 одлучија да се одложат активностите на патеката до Петок.“

Берни Еклстоун истотака потврди дека Ф1 настанот во Бахреин е под опасност, но тој го надгледува развивањето на настаните.

Поради ова, шпекулациите велат дека Абу Даби е спремен да биде домаќин на последните предсезонски тестирања, кои што треба да се оддржат во Бахреин, ако до планираниот датум, ситуацијата во Бахреин не биде стабилизирана.

{loadposition content9}