Во Струга вчера се одржа „Трка на поезијата“. Учество на трката зедоа 1000 спортисти рекреативци.
По втор пат имаме ателетска трка, на 5 и на 10 километри. На наше големо задоволство годинава имаме над 1000 пријавени тркачи. Атмосферата е одлична, верувам сите ќе имаме еден незаборавен спортски момент. Во детската трка учествуваа 120 дечиња – истакна Мими Стојаноска од здружението „Спортски мостови“.
Струга немаше градска трка веќе три децении. Ентузијастите лани ја организираа првата спортска манифестација, која преминува во масовен спортски настан.