Skip to main content

Атлетска трка

Трка на поезијата по втор пат во Струга

По втор пат во Струга се одржа „Трка на поезијата“. Годинава учество на трката зедоа околу 1000 спортисти рекреативци.
 |  инфодеск  | 
Трка на поезијата

Во Струга вчера се одржа „Трка на поезијата“. Учество на трката зедоа 1000 спортисти рекреативци.

По втор пат имаме ателетска трка, на 5 и на 10 километри. На наше големо задоволство годинава имаме над 1000 пријавени тркачи. Атмосферата е одлична, верувам сите ќе имаме еден незаборавен спортски момент. Во детската трка учествуваа 120 дечиња – истакна Мими Стојаноска од здружението „Спортски мостови“.

Струга немаше градска трка веќе три децении. Ентузијастите лани ја организираа првата спортска манифестација, која преминува во масовен спортски настан.