Skip to main content

Пријавете екипа на 7-мо Ноемвриски турнир во мал фудбал “OHRID FREED”

Турнирот ќе се организира во спортската сала “Билјанини Извори”. Сите заинтересирани компании треба да состават своја екипа од максимум 10 играчи и да ја пријават во дирекција на JП “Билјанини Извори” најдоцна до 19.09.2024 година. 
 |  инфодеск  | 

ЈП “Билјанини Извори” – Охрид по повод ослободувањето на Охрид, а во насока на спортско фудбалско дружење со јавните претпријатија и приватните компании, и оваа година организира, втор по ред, 7-мо Ноемвриски турнир во мал фудбал “OHRID FREED”.

Турнирот ќе се организира во спортската сала “Билјанини Извори”. Сите заинтересирани треба да состават своја екипа од максимум 10 играчи кои не мора да се вработени во претпријатието или компанијата. Список на играчи (име, презиме, заверен со печат и потпис од правниот субјект) треба да биде доставен до дирекција на JП “Билјанини Извори” најдоцна до 19.09.2024 година. 

Котизацијата за овој турнир ќе изнесува 9000 денари по екипа. Средствата треба да бидат уплатени најдоцна до 27.09.2024 година (петок) на следната жиро сметка: 250000200889342, Шпаркасе Банка, цел на дознака: за турнир во мал фудбал “OHRID FREED”. 

Пријавувањето на екипите ќе се врши на нашиот e-mail: biljaninizvori@gmail.com или на телефонскиот број 076443004 (Тони Илијоски). Бројот на екипи е ограничен.