ТВМ со Мишко Танески на Килиманџаро
Охриѓанецот Мишко Танески го освои вториот врв во неговата намера за освојување на седумте највисоки врва во светот.
Охриѓанецот Мишко Танески го освои вториот врв во неговата намера за освојување на седумте највисоки врва во светот.
Откако го освои Мон Блан, Мишко Танески не застана и пред нецели 3 недели заедно со експедицијата на „Натурал Лимитс“ од Зрењанин, се искачи на највисокиот врв во Африка. После 6 напорни дена и пешачење од 75 км., Танески се искачи на Килиманџаро – врв висок 5896 метри. И покрај големите тешкотии со кои се сретнала неговата експедиција, составена од 7 срби и Мишко како единствен претставник од Македонија, тие успеале да се вратат назад без посериозни инциденти.
Целата експедиција се одвивала во три етапи, со цел планинарите да бидат што поодморни за следните искушенија. Што се однесува до финасинскиот дел, може да се напомене дека едно вакво искачување на некој од највисоките врвови не е ни малку евтино.
Танески вели дека најскап врв за искачување е Монт Еверест, за чије освојување еден планинар треба да одвои дури 17.000 евра. Следен врв, кој Мишко ќе се обиде да го искачи, е Ајланд Пик или Колапата на Хималаите. За месец мај пак, планира да се искачи на врвот Мекинли, кој се смета за најстуден врв на светот. Таму температурите во зима се спуштаат и до -150 степени целзиусови, а за време на летниот период кога може да се искачуваат експедициите, температурата е околу – 50 степени.
{loadposition content9}