Skip to main content

Убиени 13 фудбалски навивачи

Тринаесет приврзаници на нигерскиот фудбалски клуб Оушн Бојс се убиени во крвави судири меѓу спротивставени навивачки фракции на клубот во сојузната држава Бајелса.

 |  Крсте Голабовски  | 
navivaci
навивачи
Тринаесет приврзаници на нигерскиот фудбалски клуб Оушн Бојс се убиени во крвави судири меѓу спротивставени навивачки фракции на клубот во сојузната држава Бајелса.
           
Според локалните медиуми, инцидентите започнале во петокот, кога член на фан -клубот на елитниот тим Оушн Бојс бил застрелан во престолнината на државата Јенегуа.
 
ocean boysПодоцна, во ноќен клуб бил убиен член на другата навивачка група.
 
Инцидентите продолжиле во саботата, кога пред дербито со Бајелса јунајтед бил извршен вооружен напад врз автобус со навивачи на  Оушн Бојс.Седум лица загинале на самото место, а четворица починале на пат кон болница.

 

 

{loadposition content9}