Skip to main content

УЕФА покрена дисциплинска против Олимпик и М. Јунајтед

Синоќешниот натпревар од Лигата на Шампионите меѓу Олимпик Марсеј и Манчестер Јунајтед (0:0) ќе има и трето полувреме.

 |  Маја Савиќ  | 
liga shampioni
лига на шампиони
Синоќешниот натпревар од Лигата на Шампионите меѓу Олимпик Марсеј и Манчестер Јунајтед (0:0) ќе има и трето полувреме.
Нани лево
Дисциплинската комисија на УЕФА покрена истрага за двата клуба. Олимпик ќе одговара бидејки неговите навивачи со ласерско светло го попречуваа фудбалерот на Манчестер Јунајтед Нани на неколку пати кога беше во напад кон голот на домаќинот.

Ова е втор пат навивачите од Марсеј да го прават овој прекршок. И порано тоа се случуваше на дуелите меѓу двата клуба, но тогаш мета на домашните навивачи беше Кристијано Роналдо, а клубот беше казнет парично со 3.200 евра.

Манчестер Јунајтед ќе биде на тапет заради палењето на факели од стана на неговите навивачи.
{loadposition content9}