УЕФА: Ериксен е во стабилна состојба
Откако Ериксен падна на теренот на крајот на првото полувреме меѓу Данска и Финска, следеше драма на реанимирање која траеше повеќе од десет минути, а данскиот репрезентативец потоа беше изнесен на носилки од теренот, опкружен со чаршафи и неговите соиграчи.
Ериксен се чувствува добро, свесен и комуницира во болницата. Со него се неговата сопруга и татко му, изјави менаџерот на данскиот фудбалер, Мартин Шутс кој во интервју за радиото НПО 1 ја откри состојбата на данскиот репрезентативец, кој попладнево колабира на теренот за време на натпреварот во Копенхаген во рамки на Европското фудбалски првенство.
Откако Ериксен падна на теренот на крајот на првото полувреме меѓу Данска и Финска, следеше драма на реанимирање која траеше повеќе од десет минути, а данскиот репрезентативец потоа беше изнесен на носилки од теренот, опкружен со чаршафи и неговите соиграчи.
Од фотографите на Ројтерс се гледа дека Ериксен бил буден уште кога го изнесувале од теренот, а потоа УЕФА и Фудбалскиот сојуз на Данска истакнаа дека тој е пренесен во болница.
Играчите на Данска и Финска одлучија да го продолжат натпреварот вечерва. Кога излегуваа на теренот, данските фудбалери беа поздравени со аплауз и од публиката и од финските играчи. Натпреварот заврши со победа на Финска од 1 спрема 0.