Skip to main content

Лига на шампиони

УЕФА го објави распоредот на натпревари

Сезоната започнува во вторник на 6 септември, а ќе отворат Динамо Загреб против Челси и Борусија против Копенхаген од 18:45 часот.
 |  инфодеск  | 
Лига Шампиони

Лигата на шампионите мораше да почека синоќа, најпрво да бидат направени жрепките во останатите две европски натпреварувања, Лига Европа и Европа конференциската лига, за да може да се направи распоредот.

Денеска конечно љубителите на фудбалот добија увид во тоа кој со кого и кога игра, па може да почнат плановите за навивачки патувања низ Стариот континент.

Сезоната започнува во вторник на 6 септември, а ќе отворат Динамо Загреб против Челси и Борусија против Копенхаген од 18:45 часот.

Првото големо дерби е веќе наредниот ден кога Интер ќе го пречека германскиот гигант Баерн.

РАСПОРЕД за 1. коло

ВТОРНИК, 6 септември

Група Е
Динамо – Челси (18:45)
Салцбург – Милан (21:00)

Група Ф
Селтик – Реал Мадрид (21:00)
Лајпциг – Шахтар (21:00)

Група Г
Борусија – Копенхаген (18:45)
Севиља – Манчестер Сити (21:00)

Група Х
Пари Сен-Жермен – Јувентус (21:00)
Бенфика – Макаби Хаифа (21:00)

СРЕДА, 7 септември

Група А
Ајакс – Ренџерс (18:45)
Наполи – Ливерпул (21:00)

Група Б
Клуб Бриж – Баер Леверкузен (21:00)
Атлетико – Порто (21:00)

Група Ц
Интер – Баерн (21:00)
Барселона – Викторија (21:00)

Група Д
Ајнтрахт – Спортинг (18:45)
Тотенхем – Марсеј (21:00)

Целосниот распоред е достапен на официјалната веб-страница на УЕФА.