УЕФА го казни Динамо со 200.000 евра
Дисциплинската комисија на УЕФА на седницата во Нион го казни хрватскиот фудбалски клуб Динамо со 200.000 евра поради дивеењето на навивачите на овој клуб на натпреварот во Удине, Италија.
Динамо

„Лично сум запрепастен и изненаден од висината на паричната казна. Според моите сознанија, ниту еден клуб за слични инциденти не е казнет со толку драстична казна. За деталите од казната понатаму немам коментар“, изјави директорот на клубот Дамир Врбановиќ.
Хрватскиот првак можеше да помине и полошо со оглед дека се спомнуваше и забрана за натпреварување во Европа.
Навивачите на Динамо, на гостувањето во Удине, запалија факли поради што натпреварот беше прекинат во 77. минута, по што по десет минути, на наговор на загрепскиот стручен штаб мечот продолжи.

{loadposition content9}