Skip to main content

УЕФА објави кои гиганти се под истрага

Под истрага поради кршење на финансиски фер-плеј и можно исфрлање од европските натпреварувања

 |  инфодеск  | 

Уефа објави кои клубови се под истрага, а меѓу нев се и четирите гиганти Рома, Монако, Интер и Ливерпул. Овие четири клуба, заедно со Бешикташ, Краснодар и Спортинг од Лисабон, се под посебен надзор на Уефа поради кршење на правилата кои на клубовите им забранува да трошат повеќе од она што стопанисуваат.

Уефа јавно ги објави овие седум клубови за кои постојат финансиски нејаснотии, темелени на нивните годишни извештаи за 2012 и 2013 година, а тие во текот на октомври и ноември ќе мораат да докажуваат дека работат позитивно или во спротивно ќе сносат санкции, меѓу кои се оние кои подразбираат исфрлање од европските натпреварувања.

Оваа сезона Уефа казни пет клубови со одземање на паричните средства заработени со пласман во европските купови, а тоа се Бурсаспор, Клуж, Будуќност, Екранас и романскиот Астра.

{loadposition content9}