Европската куќа на фудбалот пресече, натпреварот помеѓу Србија и Албанија е регистриран со резултат 3-0 во корист на домаќинот. Меѓутоа, тука не е крајот на казните па така Србија е казнета и со одземање на три бода, фудбалските сојузи на Србија и Албанија се казнети со по 100.000 евра и Србија ќе игра два меча без публика на свој терен.
Од денот на примање на комплетно образложените одлуки, двете страни ќе имаат право на жалби во рок од пет дена до комисијата за жалби при Уефа.
Моменталната ситуација на табелата во групата по одлуката на Уефа е: Данска и Албанија со по 4 бода од три натпревари, Португалија 3 бода од два натпревари, а Србија и Ерменија се на дното од табелата со по еден бод.
{loadposition content9}