Skip to main content

Уефа потврди: Од 2018 година стартува Лига на нациите

Потврда од заседанието на Извршниот одбор

 |  инфодеск  | 

Европската фудбалска федерација (Уефа) потврдила во четврткот на заседанието на Извршниот одбор во Нион дека од 2018 година ќе стартува Лигата на нации која ќе ги замени многуте пријателски натпревари.

Вкупно 54 репрезентации ќе бидат поделени во четири дивизии рангирани по јачина (А,Б,Ц и Д) на основ постигнат успех, а секоја дивизија ќе биде поделена во четири групи со по три или четири репрезентации.

Во најсилната дивизија ќе бидат 12 репрезентации поделени во четири групи, а победниците на тие групи ќе изборат пласман на завршниот турнир на Лигата на нации во 2019 година. Уефа предвидела дека најдобрите од секоја дивизија се селат во повисок ранг, додека најслабите испаѓаат во понизок ранг.

Од Лигата на нации четири репрезентации ќе изборат директен пласман на Европското првенство во 2020 година. Натпреварите на новото натпреварување ќе се играат од септември до нoември 2018 година.

{loadposition content9}