Се укинува носењето на олимпискиот оган
Олимпискиот оган од 2016 година ќе биде носен само низ државата во која се одржуваат Олимписките игри, беше одлучено денеска на седница на Извршниот одбор на МОК во Денвер.
Олимпискиот оган од 2016 година ќе биде носен само низ државата во која се одржуваат Олимписките игри, беше одлучено денеска на седница на Извршниот одбор на МОК во Денвер.
МОК поради се поголемата исполитизираност на традицијата да се носи огнот низ бројни држави по сите континенти до местото на одржување на Игрите одлучи да ја прекине таа пракса.
Одлуката е донесена по дебалкот кој таа традиција го доживеа пред минатогодишните Олимписки игри во Пекинг.
Олимпискиот оган на патот околу светот помина 137.000 километри во 19 држави на сите континенти и повеќе пати се „сретна“ со демонстранти кои се обидуваа да го изгаснат, изразувајќи незадоволство со официјалната кинеска политика.
МОК соопшти дека домаќините на ЗОИ во Ванкувер во 2010. и летните во Лондон 2012 година веќе доброволно се откажаа од носење на олимпискиот оган по светот и дека на таа тема се водат преговори со официјални лица од Сочи, организатор на ЗОИ во 2014 година.
Извршниот одбор на МОК најави дека многу бргу во договорите за организација на ОИ ќе бидат внесени одредби со кои ќе биде дефинирано откажување од носење на олимпискиот оган од грчка Олимпија до градот домаќин на Игрите.
{loadposition content9}