Сингапурскиот милијардер Петер Лим е новиот сопственик на шпанскиот фудбалски великан Валенсија, откако откупил 70% од сопственичкиот удел во клубот од Местаља.
Единствен тим, до освојувањето на титулата на Атлетико оваа сезона, кој во последните 13 години ја прекинуваше доминацијата на Барселона и Реал Мадрид во шпанското првенство беше Валенсија.
Лим, инаку голем навивач на Манчестер Јунајтед, успеал конечно да стане сопственик на еден од тимовите од лигите на големата петорка. Првиот обид, но неуспешен, беше во 2010 година кога понудил за Ливерпул 300 милиони фунти.
Во Валенсија се надеваат дека со новиот сопственик и со свеж капитал ќе го започнат враќањето во самиот врв на шпанскиот фудбал каде и беа под водство на Рафаел Бенитез пред десетина години.
{loadposition content9}