Успех на струшките едриличари во Турција
Изминатиов викенд екипата на ЕК Снегар од Струга учествуваше на престижната меѓународна регата која се одржа во Текирдаг.
Изминатиов викенд екипата на ЕК Снегар од Струга учествуваше на престижната меѓународна регата која се одржа во Текирдаг, Турција, притоа во конкуренција на околу 100 учесници на ова натпреварување, Ердал Лушо се закити со сребрен медал, Златески Златко го освои третото место во младинска конкуренција, додека најмладиот едриличар од нашата држава, 13-годишниот Симон Гучески го освои 30. место со што пријатно ја изненади управата на клубот и се етаблира како спортска надеж која допрва ке се реализира.
Со ова меѓународно учество, ЕК Снегар, Струга ја продолжува активната спортската сезона која покрај организирањето на домашните првенства, постигнува и значителни резултати на меѓународен план.
Нареден натпревар од светски калибар на кој нашите едриличари ќе земат учество е Светското првенство во Балатон, Унгарија, како и националниот куп во Црна Гора. Од управата на клубот се надеваат дека и покрај финансиските потешкотии, ваквото успешно работење ќе продолжи и во иднина со единствена цел – засилен развој на едрењето во нашава земја.
{loadposition content9}