Успешен настап на охридските стрелци на меѓународниот турнир „Пирин 2026“ во Благоевград

Одлични резултати за охридските стрелци на овогодинешниот меѓународен Турнир со воздушно оружје ПИРИН 2026, што викендов се одржа на стрелиштето во спортската сала Скаптопара во Благоевград.
На првиот натпреварувачки ден, настап на мешани тимови на пиштол и пушка, прв настап за Теодора Мицкоска на меѓународен план и прв значаен успех-таа во тандем со Никола Тодороски-двајцата од СК ,,Охрид“ обезбедуваат пласман меѓу 4-најдобри мешани тимови за влез во финалето. Поискусните стрелци Наталија Савеска и Климент Мостро од ЖСК ,,Лихнидос’’, исто така влегуваат во трката за медал како третопласирани. Двата мешани тима и по завршување на финалето ја задржуваат истата позиција, односно пласман на третата и 4-тата позиција.


Вториот натпреварувачки ден настапи на стрелците на пушка: Јован Баулоски-СК ,,Охрид“-пласман на првата позиција за јуниори до 14 години, додека вицешампионска титула за Ива Маленко истотака од СК,,Охрид’’ во категорија на сениорки. На седмата позиција во јуниори до 18 години се пласира Марко Трпески од СК ,,Охрид“, додека на истата позиција во категорија јуниорки се пласира Тамара Кичеец од ЖСК ,,Лихнидос’’. На осмата позиција за јуниорки до 18 години се пласира Теодора Спироска од СК ,,Охрид“.


На третиот натпреварувачки ден, настапи за најдобрите пиштољаши-во категорија јуниори до 18 години, неприкосновено најдобар Климент Мостро од ЖСК ,,Лихнидос“, додека пак вицешампионска титула за Иван Милевски од СК ,,Охрид“-двајцата со одлични резултати. Со заостанување од само два круга од третопласираната Теодора Мицкоска не успеа да обезбеди пласман меѓу првите три позиции, па заврши како четвртопласирана со одличен резултат, за прв настап на меѓународен Турнир. Нејзиниот клупски другар Никола Тодороски се пласира на петтата позиција додека пак Наталија Савеска, Стефани Савеска и Велибор Балоски од ЖСК ,,Лихнидос“ не успеаа да обезбедат пласман во првата половина од табелата.
Овај Турнир воедно е показател за развојот на спортската форма на стрелците во изминатиот период и ќе биде еден од клучните фактори за избор на тимовите што ќе учествуваат на меѓународниот Турнир во Пловдив, Р.Бугарија кој треба да се одржи во средината на наредниот месец.








