Skip to main content

ТРЕТ МЕЃУНАРОДЕН ПЛИВАЧКИ МИТИНГ „ОХРИД ОПЕН“ 2023

Успешен трет пливачки митинг „Ohrid Open 2023“

На годинашниот „Охрид Опен“ настапија 187 натпреварувачи од 19 клубови од Македонија и еден претставник од Франција
 |  инфодеск  | 
Пливачки митинг

На пливачкиот базен „Атина Бојаџи“, во организација на пливачкиот клуб „Акваспирит“, а со поддршка на Општина Охрид, се одржа третиот пливачки натпревар „Охрид Опен „2023“.

Во името на локалната самоуправа се обрати советникот Перчо Божиноски.

Ги упатувам моите честитки до Пливачкиот Клуб “Акваспирит“, кој за овие три години успева да организира пливачка манифестација, во која сите ќе уживаме. Ние како локална самоуправа, остануваме доследни на нашите заложби за континурано помагање на спортот и спортистите. Верувам дека пливачкиот митинг “Охрид Опен“ во иднина ќе расте и во квантитет и во квалитет и Охрид ќе го направи центар на македонското пливање.“ – истакна Божиноски.

Постигнати беа следните резултати:

Највреден резултат (мажи) Мартин Стефановски од ПВК „Орион“ од Скопје 100 метри слободно со време 57.46 и освоени 542 бода;

Највреден резултат (жени) Леона Величковска ПК „Бета Шаркс“ од Скопје 50 метри слободно со време од 29.33 и освоени 525 бода;

Најдобар пливач на митингот – Мартин Стефановски од ПВК „Орион“ од Скопје со вкупно 2.025 бода од 4 трки и

Најдобра пливачка – Леона Величковска од ПК „Бета Шаркс“ од Скопје со вкупно 1.973 бода од 4 трки.

Најголем број натпреварувачи ПК „Акваспирит“ од Охрид со вкупно 33 натпреварувачи;

На годинашниот „Охрид Опен“ настапија 187 натпреварувачи од 19 клубови од Македонија и еден претставник од Франција. На најуспешните пливачи им беа врачени медали и пехари.