Skip to main content

Стрелаштво

Успешен настап на охридските стрелачи во Бугарија

Успешен настап на стрелците од охридските стрелачки клубови на меѓународниот Турнир „ЗПГ-2022 ” во Сандански Р. Бугарија.
 |  Голабовски Крсте  | 
Стелци Охрид наљстап успешен Бугарија

Успешен настап на стрелците од охридските стрелачки клубови на меѓународниот Турнир „ЗПГ-2022 ” што викендов се одржа во Сандански Р. Бугарија.

Три златни, еден сребрен и еден бронзен медал во поединечна конкуренција како и два екипни трофеи, е конечниот исход од овај натпревар, а резултатите се следни:

Јована Милевска од СК „Охрид ” со резултат од 608 круга се пласира на првата позиција во категорија на јуниорки во дисциплината воздушна пушка. Во категорија на јуниори Бојан Спасеновски од ЖСК “Лихнидос “се закити со златен медал со резултат од 604.6 круга. Со златен медал се закити и Климент Мостро, од ЖСК „Лихнидос“ во дисцилината воздушен пиштол. На втората позиција-воздушен пиштол јуниорки се пласира Стефанја Вељаноска од СК „Охрид. На третата позиција во помлади јуниори-пушка се пласира Павел Трајчески, за кого ова е и прв настап.

Охридски стрелци

На Кристијан Балоски од СК „Охрид” му недостасуваа само 1,5 кругови за да се искачи на пиедесталот, па заврши како четвртопласиран со резултат од 561,1 кругови. ЖСК „Лихнидос ” (по број на освоени медаљи) се пласира на втората позиција .СК „Охрид” ја освои припадна третата позиција. Свое учество за првпат на ваков Турнир зедоа и Драгана Локоска, Марија Јанковска, Андреј Ванѓеловски, Деа Стојаноска, Емилија Алексовска и Ангелина Трајческа. На Англеина организаторот и доделии Диплома и медал за најмлад учесник на натпреварот.