Со највисоки освоени места и низа награди се вратија средношколците и основците од охридските училишта од Државниот натпревар по Атлетика во Куманово .
- Во категоријата скок во височина кај жени Прво место освои Климентина Модева од ООЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, а во оваа категорија кај мажите Третото место го освои Бојан Секулоски од ОСУ „Свети Климент Охридски“.
- Во категоријата фрлање ѓуле кај жени, Третото место го освои Климентина Модева од ООЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.
- Во категоријата скок во далечина кај мажи , Второто место го освои Александар Камнароски од ООЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.
- Во категоријата трчање на 400 метри кај мажи, Третото место го освои Михаил Николоски од ОСУ Свери Климент Охридски.
- Во категоријата трчање на 400 метри машки штафета, Трето место освои ученик од ООЕМУЦ.
Што се однесува до основните училишта:
- Во категоријата скок во височина за жени, Второто место го освои Матеа Матеска од ООУ „Христо Узунов“, а во истата категорија за мажи, Прво место освои Влатко Кркачоски од ООУ „Живко Чинго“ и Второ место, Матео Сиљаноски од ООУ „Христо Узунов“.
- Во категоријата трчање на 100 метри за мажи Првото место го освои Влатко Кркачоски од ООУ „Живко Чинго“.
- Во категоријата трчање на 600 метри кај жените Првото место го освои Јана Секулоска- Анакиеска од ООУ „Братство и единство“.
- Во категоријата трчање на 300 метри кај жените Третото место го освои Калина Ангелоска од ООУ „Григор Прличев“.
- Во категоријата скок во далечина кај мажи третото место го освои Христијан Стојаноски од ООУ „Ванчо Николески“, а во трчање штафета на 100 метри за жени, Второто место го освои ученичка од ООУ „Григор Прличев“.
Организатори на настанот се Атлетската федерација на Македонија и Федерацијата на училишен спорт на Македонија.