Skip to main content

Државен натпревар по Атлетика

Успеси на охридските средношколци и основци на Државниот натпревар по Атлетика

Четири први , четири втори и шест трети места во разни атлетски категории освоија учениците од основните и средните општински училишта од Охрид
 |  инфодеск  | 
атлетика

Со највисоки освоени места и низа награди се вратија средношколците и основците од охридските училишта од Државниот натпревар по Атлетика во Куманово .

  • Во категоријата  скок во височина  кај жени Прво место освои  Климентина Модева од  ООЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, а во оваа категорија  кај   мажите Третото место го освои  Бојан Секулоски од   ОСУ „Свети Климент  Охридски“.
  • Во категоријата фрлање ѓуле кај   жени,  Третото  место го освои  Климентина Модева од  ООЕМУЦ „Св. Наум Охридски“. 
  • Во категоријата скок во далечина  кај мажи , Второто место го освои  Александар Камнароски од ООЕМУЦ „Св. Наум Охридски“. 
  • Во категоријата трчање на 400 метри  кај мажи, Третото место го освои  Михаил Николоски  од ОСУ Свери Климент  Охридски.
  • Во категоријата трчање на 400 метри машки штафета, Трето  место освои ученик од  ООЕМУЦ. 

Што се однесува до основните училишта:

  • Во категоријата скок во височина за  жени, Второто  место го освои   Матеа Матеска  од ООУ  „Христо Узунов“, а во истата категорија за мажи, Прво место освои  Влатко Кркачоски од ООУ „Живко Чинго“ и Второ  место, Матео Сиљаноски од ООУ „Христо Узунов“.
  • Во категоријата   трчање на 100 метри за мажи Првото место го освои  Влатко Кркачоски од ООУ „Живко Чинго“.
  • Во категоријата трчање на 600 метри  кај жените  Првото  место го освои  Јана Секулоска- Анакиеска од ООУ  „Братство и единство“.
  • Во категоријата трчање на 300 метри  кај жените Третото место го освои Калина Ангелоска  од ООУ „Григор Прличев“.
  • Во категоријата скок во далечина  кај мажи третото  место  го освои Христијан Стојаноски од ООУ  „Ванчо Николески“, а во трчање штафета на 100 метри за  жени, Второто  место го освои ученичка од ООУ „Григор Прличев“.

Организатори на настанот се Атлетската федерација  на Македонија  и Федерацијата  на училишен спорт на Македонија.