Успешно заврши ракометниот турнир “5-ка за ракомет” организиран од ракометната школа Вардар-Охрид. Ракометниот турнир се одржа во спортската сала Билјанини Извори каде имаше 200 деца – учесници од ГРК Охрид, РК Струга-Динг, РК Пантери-Кичево, РК Јехона-Гостивар и РК Кале Вардар М&К.
Екипен пласман:
Прво место – РК Струга Динг
Второ место- РШ Вардар Охрид
Трето место- РК Јехона-Гостивар
Четврток место- РШ Пантери & Кале Вардар
Индивидуалните награди ги добија:
Најдобар игра- Давид Најдески
Најдобар голман- Нектариј Николоски
Најдобар стрелец-Ербљин Селмани
„Преку овој спортски настан се обидуваме на децата да им наметнеме претстава за голем ракомет како и натпреварувачки дух и натпреварувачки карактер. Од клубот им се заблагодаруваат на спонзорите и на Општина Охрид за безрезервната поддршка за организација на овој спортски настан кој се одржува веќе 3-та година. “ – изјави Борис Џутески од организацијата на турнирот.