Skip to main content

Детски ракометни школи

Уште едно успешно издание на ракометниот турнир “5-ка за ракомет”

Ракометниот турнир се одржа во спортската сала Билјанини Извори каде имаше 200 деца – учесници од 5 ракометни клубови од Македонија.
 |  инфодеск  | 
турнир ракомет 5-ка

Успешно заврши ракометниот турнир “5-ка за ракомет” организиран од ракометната школа Вардар-Охрид. Ракометниот турнир се одржа во спортската сала Билјанини Извори каде имаше 200 деца – учесници од ГРК Охрид, РК Струга-Динг, РК Пантери-Кичево, РК Јехона-Гостивар и РК Кале Вардар М&К.

Екипен пласман:

Прво место – РК Струга Динг
Второ место- РШ Вардар Охрид
Трето место- РК Јехона-Гостивар
Четврток место- РШ Пантери & Кале Вардар


Индивидуалните награди ги добија:
Најдобар игра- Давид Најдески
Најдобар голман- Нектариј Николоски
Најдобар стрелец-Ербљин Селмани

„Преку овој спортски настан се обидуваме на децата да им наметнеме претстава за голем ракомет како и натпреварувачки дух и натпреварувачки карактер. Од клубот им се заблагодаруваат на спонзорите и на Општина Охрид за безрезервната поддршка за организација на овој спортски настан кој се одржува веќе 3-та година. “ – изјави Борис Џутески од организацијата на турнирот.