Финале на Опен Балкан куп и 4. Меморијален меѓународен боксерски турнир „Алексо Огненовски“ утре во Охрид
Дефилето на елитните борби започнува во 17:00 часот.

На Античкиот театар во Охрид, утре ќе се одржи финалето на Опен Балкан купот и 4. Меморијален меѓународен боксерски турнир „Алексо Огненовски“.
Боите на охридскиот клуб „Алексо Огненовски“ ќе ги бранат: Давид Најдески, Кристијан Стојаноски, Филип Мајкиќ, Михаил Аврамоски, Петар Трајчески и Наум Стојаноски. Дефилето на елитните борби започнува во 17:00 часот.




