Утре ќе се одржи јубилејното 45-то издание на малиот илинденски пливачки маратон во организација на П.К. “Охридски бранови 2008”-Oхрид .
Како и секоја година патеката започнува од плажата Горица (Кај дивоно) до кејот на Охридското езеро (пред х.”Ривиера”). Патеката изнесува 2,5км. Пливачите се поделени во две категории и тоа 15 години и помали, но не помали од 10 години, и од 16 до 35 години.
Првиот старт ќе започне во 10.30часот, додека вториот старт ќе започне во 11.30ч.
Патеката ќе биде обезбедена со медицински и спасувачки екипи на Црвен Крст – Охрид, а за регуларноста на трката ќе бидат задолжени судии.