Утре во Охрид првпат триатлон трка
Во Охрид утре првпат ќе се одржи триатлон трка, натпреварување што заеднички го организираат Општината Охрид и невладината организација „Алфа и омега“ од Скопје.
Во Охрид утре првпат ќе се одржи триатлон трка, натпреварување што заеднички го организираат Општината Охрид и невладината организација „Алфа и омега“ од Скопје.
Забавните содржини во Охрид се збогатуваат со уште една новина, а тоа е триатлонот. Натпреварот кој ќе се одржи утре претставува збир од три спортови: трчање, пливање и возење велосипед.
„Општина Охрид секогаш ги поддржува убавите случувања во градот, па тоа не изостана и овојпат“, потенцира градоначалникот Петрески.
Натпреварувањето ќе се одвива во два дела. Еден за професионални натпреварувачи, а другиот за рекреативци.
„Се очекуваат натпреварувачи од соседните земји. Се надеваме дека посетеноста нема да потфрли бидејќи забавата нема да изостане“, најави Брајан Ричардсон од невладината организација„ Алфа и Омега“.
За да протече манифестацијата онака како што треба, од аспект на безбедносни мерки и претпазливост, ќе превземат од организацијата на Црвениот крст на Охрид.
„Патеката по која ќе се одвива трката е предвидено да оди на потегот од Горица 3 до Езерска полиција. На овој дел има голема посетеност и токму поради тоа се даде акцент на овој дел на плажите“, вели Зоран Шикалоски од одделот за сообраќај.
Организаторите на триатлон натпреварот се надеваат дека посетеноста нема да потфрли и воедно најавуваат бројни награди за учесниците.
{loadposition content9}