Од пред неколку дена нашите репрезентативци се во Букурешт и веќе одржаа неколку тренинг сесии. Денешниот собир на „Националната арена“ беше уште една можност за Игор Ангеловски да ги подготви своите избраници за она што следува.
Кога не се на терен, македонските фудбалери прават видео-анализи на противниците во групната фаза. Засега завршните подготовки се одржуваат без никаков проблем, што се надеваме дека ќе биде случајот и во текот на утрешниот ден.