Skip to main content

Валуев го победи Холифилд

Рускиот боксер Николај Валуев ја одбрани титулата во супертешка категорија во ВБА верзија. Валуев го победи ветеранот Ивандер Холифилд на поени после 12 рунди.

 |  Крсте Голабовски  | 
Nikolaj Valuev
Николај Валуев
Рускиот боксер Николај Валуев ја одбрани титулата во супертешка категорија во ВБА верзија. Валуев го победи ветеранот Ивандер Холифилд на поени после 12 рунди.

Американскиот боксер се обиде со евентуална победа да стане најстар шампион на светот во супертешка категорија и прв петкратен шампион. Но, 43 килограми потежок и 30 цм повисок Валуев победи во Цирих на поени (114-114,116-112,115-114) и сега во својата кариера има скор од 50 победи и само еден пораз.

Nikolaj Valuev Холифилд, 46, кој со професионален бокс се занимава од 24 година, не успеа да го собори рекордот на Џорџ Форман кој во 1994 година во 45 година стана најстариот светски првак после победата над Мајкл Мурер.

„Задоволен сум со прикажаното. Валуев е многу тежок противник. Многу е повисок од мене и тоа е сигурно беше клучен фактор, но тој одлично се бори и тоа е проблем“, изјави Холифилд.

Првата титула ја освои во 1990 година кога го совлада Џејмс Даглас, а последната цво 2000 година кога беше подобар од Џон Руиз.

 

 

{loadposition content9}